Истрага за инсталацијата на Заев Зоран – пишува Горан Момироски

Изминуваат десет дена откако јавноста и Јавното обвинителство ја слушнаа изјавата на еден од највлијателните бугарски новинари Љупчо Нешков за начинот на кој што Зоран Заев дошол на власт.



Според Нешков кој е сопственик на највлијателната бугарска агенција БГНЕС и кој го направи фамозното интервју со премиерот, Зоран Заев на власт во Македонија дошол со помош на Бугарија.

А Нешков добро знае што зборува.

Во уставот и законите на Македонија има повеќе членови кои се прекршени со случувањата кои ги опишува Нешков но со оглед на тоа што не сум експерт за уставно или кривично право овде ќе ги наведам само тие кои јасно опишуваат дека македонските институции пред се Уставниот суд и Јавното обвинителство имаат обврска да проверат дали ова што го зборува Нешков е точно и со тоа се прекршени македонските закони.

Член 1
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.

Коментар: Ако Нешков е во право и Заев го избрал “бугарскиот двор” Македонија не е суверена и самостојна држава и за тоа некој мора да одговара

Член 2
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на
граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување

Коментар: Ако Нешков не греши Заев не го избрале македонските граѓани туку бугарската политика со што е суспендиран еден од основните уставни членови кој ја дефинира сувереноста.

Ако Нешков не греши а досега не чувме дека некој по допрен глас го испитува тоа, Јавното обвинителство може да се наврати на делот од Кривичниот законик каде се наоѓа делот за КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ДРЖАВАТА
, како на пример членот што се однесува на
Велепредавство

Член 305
Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени
уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките
државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Коментар: Ако Заев, како што тврди Нешков, е избран со помош на “Бугарскиот двор” тој го прекршил членот 1 од уставот односно македонскиот суверенитет го поделил со Бугарија и тука обвинителството има чиста ситуација

Кај независноста ситуацијата е уште почиста

Загрозување на независноста
Член 308
Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во
положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со
затвор најмалку пет години

Коментар: Ако Нешков е во право а досега никој не рече дека лажел, Заев според тоа што го гледаме дефинитивно не е избор на граѓаните туку на туѓа држава, носи одлуки кои се спротивни на интересите на граѓаните со што Македонија ја ставил во позиција на потчинетост.

На правниците и обвинителите моиве размислувања може да им се смешни но тие можат многу лесно да проверат дали Нешков ја говори вистината.

Ако се утврди дека Нешков има докази за своето тврдење што еден ден ќе се открие и без истрага на Обвинителството, тогаш работите нема да бидат смешни. Некој тогаш ќе биде тажен.