Историски најниска излезност на локалните избори во 30 години

Според последните податоци на Државната изборна комисија, излезноста на локалните избори во првиот круг е 51,5 проценти или најмала досега во 30 години независна Македонија.



Податоците објавени на веб-страницата за Локални избори 2021 на ДИК, покажуваат дека најмногу гласови во првиот круг освои

ВМРО-ДПМНЕ – 285.525,

СДСМ – 239.214,

ДУИ – 103.805,

АА/А – 55.540,

Левица – 50.181,

Беса – 25.426 и

ЛДП/ДОМ – 24.850.

Двојно зголемување на гласовите во однос на 2017 година имаа независните кандидати кои добија 54.475 гласови.

Локалните избори коишто се одржаа на 17 октомври беа седмо изјаснување за локалната власт од независноста на државата, но трети на кои се избираа градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

Право на глас имаа 1 824 864 гласачи, што е најмногу од сите локални избори досега и раст од 10 220 гласачи, во однос на изборите во 2017 година.