Историската комисија со Бугарија станува проблем за Заев

Негативните јавни реакции на дел од членовите и молкот на останатите кои јавно не реагираа со поддршка го ставаат во тешка позиција премиерот Заев кој деновиве во тајна комуникација со бугарските партнери се обидува да постигне договор за историските спорови.



Главниот страв кај бугарските власти е околу фашистичката окупација на Македонија во втората светска војна и за македонските Илинденци и Гоце Делчев.

Македонски владини претставници немале одговор на прашањето од софиските контакти зошто Заев нема отворена јавна поддршка од комисијата која ја именуваше владата поради што Софија се надевала дека таа ќе ги следи политичките пораки на Заев.

Македонската страна нема одговор и на прашањето како планира да го спроведе документот што го најави ако нема гаранции дека македонските членови на комисијата ќе го поддржат при спроведувањето.

На ова како што тврдат добро упатени високи бугарски извори во академскиот свет но инволвирани во политичките консултации од Бугарска страна на македонските власти им било укажано дека дури и да се постигне некаков договор сега под притисок на Брисел и САД Македонија ќе биде блокирана веднаш по формалниот почеток на преговорите односно нема да дојде до отварање на првото поглавје од првиот кластер.

Именувањето на професорот Бучковски за преговорач во спорот со Бугарија за дел од набљудувачите е уште еден сигнал дека Заев сака да ја минимизира комисијата која е целосно надвор од негова контрола.

Поврзана вест

Заев доби удар од “свој камен по своја глава” (ВИДЕО)