Историската комисија пак ќе расправа за Самоил!?

Мешовитата бугарско-македонска историска комисија денес и утре одржува онлајн состанок на кој повторно ќе се разговара за Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата, дознаваат бугарски медиуми.



Ова е втор состанок годинава и 14-ти од формирањето на комисијата по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во август 2017 година. Се очекува годинава да се одржат вкупно 5 состаноци.

Враќањето на прашања од средниот век е доказ дека нема напредок околу историските прашања, оценува БГНЕС.

Агенцијата потсетува дека пред околу две години бугарските и македонските исоричари постигнаа делумен консензус за Цар Самоил, наводно како наследник на бугарската кралска династија.