Првичните излезни анкети од денешните предвремени парламентарни избори во Грција покажуваат огромна победа на опозициската Нова демократија на Кирјакос Мицотакис.
Се проценува дека Нова демократија ќе освои речиси 40% од гласовите односно меѓу 155 и 167 места во идниот парламентарен состав, повеќе од потребното Мицотакис сам да формира влада.
СИРИЗА за која гласале, според првичните резултати, меѓу 26 и 30 отсто од граѓаните, може да се надева на 77- до 82 места во парламентот кој има 300 седишта.
Во идниот парламентарен состав извесно е дека влегуваат и КИНАЛ, Комунистичката партија, Златна зора, Грчко решение, но точниот број ќе се знае подоцна вечерва





