Историска бездна: Иванов за францускиот предлог, се чека Црвенковски

Екс претседателот Ѓорге Иванов се огласи за францускиот предлог кој го отфрла со резигнација.



,,Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог.

Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна.

Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство.

Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара.

Непокорот е единствениот излез.
Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас.

Да живее Република Македонија!”, објави Иванов кој не кажа дали вечерва ќе биде дел од протестите пред владата.

Засега од живите екс претседатели го нема само Црвенковски за кој има полуинформации дека може да се појави на вечерашните протести.