Шестоодделенците во Македонија од септември ќе учат историја која личи дека е напишана од бугарски и грчки историчари, реагираат историчарите.
Историчарката од Институтот за национална историја Катерина Тодороска,во изјава за Алфа реагира за програмата за предметот историја и општество за шесто одделение.
Таа вели дека во оваа наставна програма е прифатено се што побарале бугарските историчари од заедничката историска комисија, а учениците во најголем дел ќе учат нешто што нема врска со македонската историја.
Фактички она што побарале, она што било договорено со нашите колеги од Бугарија се овде е внесено. Во секој еден дел нам ни се сервира она што е практички битно или значајно за Тракијците. Треба да истражуваат на кои територии живееле Тракијците, потоа да добијат задача да го истражат Одринското кралство, вели Тодороска за Алфа.
Според Тодороска, проблематично е што македонската историја речиси и да ја нема за учениците од шесто одделение, односно ја има само во две точки, каде што се споменува Античка Македонија, но и таму според програмата се одело по вкусот на Грција, смета професорката.
Извор :Алфа.мк






