Историја за глупави: Тодор Александров VS Ванчо Михајлов

Во пост со наслов History for dummies (Историја за глупави) екс пратеникот Илија Димовски вели дека Да го споредуваш
Ванчо Михајлов со Тодор Александров,
е како да го споредуваш
Лазар Колишевски со Методија Андонов Ченто.



Димовски дава десетина аргументи зошто Александров е позитивен лик во македонската историја за разлика од соработникот на нацизмот Михајлов:

➡️ Ванчо Михајлов не е револуционер, тој е конте

➡️ Ги укинува четите на ВМРО, а владее со воведување на атентаторски тројки

➡️ Не оди во планина, на терен, оди по скапи хотели низ Софија

➡️ Не го проширува територијалното владеење на ВМРО, туку го користи она што го наследи од Тодор Александров

➡️ Создава непомирливи и катаклизмични поделби и фракции во организацијата и недоверба кон револуционерното дело

➡️ Не создава нови пријатели на организацијата, туку спротивно од Тодор Александров ја внесува во односи со ретроградните сили низ централна Европа

➡️ Нема конфликт со бугарската Влада, напротив, долго време работи во нејзин интерес

➡️ Не создава однос со народот на основа на заедничка борба, туку создава однос како да е државна власт

➡️ Не создава соработници во македонското револуционерно дело, туку важи за нарачател на убиства на многу видни македонски дејци и револуционери: Протугеров, Јовков, Ковачев, Панчо Михајлов, Наум Томалевски,…(подеднакво и од левицата и од десницата). Веројатно и убиството на Тодор Александров…

➡️ Не е човек кој се залага за самобитноста и автономната на македонското дело, туку го потчинува на туѓи интереси и цели

➡️ Нема директен однос со народот на Македонија, туку постојано се шета со близу 70 свои телохранители

➡️ Не помага на народот, туку, покрај туѓите власти и тој собира данок

➡️ Не ја водел организацијата врз база на нејзини одлуки, туку никогаш не одржал Конгрес на ВМРО додека тој управувал со неа

➡️ Не водел револуционерна борба како сите негови претходници, туку водел акции на индивидуален терор и ликвидации

➡️ Соработува со тајните служби на Југославија додека илјадници членови и поддржувачи на организацијата гнијат по нејзините затвори

➡️ Не признава национална самобитност на македонскиот народ, туку го гледа како културолошки и географски дел на еден од соседите

➡️ Не управува со ВМРО за револуционерни цели, туку како “гангстер, терорист на кои не може да му верува ниту САД, ниту било кој друг, тој управува со ВМРО и МПО единствено за лична корист” (извештај на CIA).

Поврзана вест

Покажаа дека манипулираат за се во врска со Македонија

По историјата, бугарската пропаганда почна да лаже и за македонската географија (ВИДЕО)