Од снимките што кружат на социјалните мрежи може да се види дека од „балот на ‘Шверцерите’“ во Македонски народен театар се упатени и пораките „Историја немате“, веројатно наменета за Македонците, како и „етничка Албанија“, наспроти „заедништвото“ за кое зборуваше премиерот Зоран Заев во обраќањето на свечената академија за Денот на албанската азбука.
За ваков ли говор на омраза мислеше министерот за образование Арбр Адеми во изјавата во врска со настаните во МВР во петокот?
„Радоста, среќата и јубилеите може да ги славиме како што сакаме, сè додека не се употребува говор на омраза. Тоа е недозволиво, без разлика од кој и да е. Не сум видел нешто невообичаено. Ако имало говор на омраза го осудувам без разлика од кого е, но ако немало говор на омраза, можеме да славиме. Говорот на омраза или какво било друго поведение коешто би го загрозило редот и мирот, тоа секако го осудуваме, без разлика од кој и да е“, рече Адеми.





