Историчарот Ванчо Ѓоргиев не дал оставка, Османи му дал „отказ“ од Комисијата за историја со Бугарија

„Професорот не ја поднесе формално оставката, но јас донесов одлука да се прекине договорот, бидејќи тој дозволи меѓу два изборни круга политиката да влезе и сериозно да ја компромитира Комисијата“, вели две недели подоцна министерот за надворешни работи Бујар Османи кој одлучил да се прекине договорот со професорот Ванчо Ѓоргиев, кој беше член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања



Ѓорѓиев тврдеше дека имал притисоци од висок функционер од МНР во работата на Комисијата. а Османи тогаш најави истрага во врска со обвинувањата на Ѓоргиев

„…другите членови, кои едногласно кажуваат дека никогаш немало притисоци од Владата или од МНР и дека се изненадени од таквиот став. Имајќи го предвид периодот на оставката, јасно е дека е политички компромитиран процесот во неговиот случај и тој договор треба да се прекине и да се најде нов член. Јас очекувам самата комисија да ми предложи нов член, тие ги знаат експертите, знаат од која област им фали, а јас потоа да го предложам до Владата – вели министерот Османи за „Слободен печат“.