Историчарка од Белград би сакала Србија да го има Заев?!

За „успесите“ на Зоран Заев во Македонија се слушнало дури до – Србија, од каде што историчарка посакува нејзината земја да го имала премиерот на јужниот сосед?!



Станува збор за Дубравка Стојановиќ, професорка на Филозофскиот факултет во Белград, која, жалејќи се дека „сè е овде национализам, сè“, во интервју за српскиот магазин „Карактер“ уште во насловот вели дека „би сакала Србија да го има Заев“…

„Па, погледнете што било, од културата до спортот, сè е премачкано со националистички наратив. Политичкиот простор е целосно задушен, секој поинаков говор затоа природно се разбира исклучиво како предавство и продажба на националните интереси. Тоа не е пропаганда, тој антиплурализам произлегува од национализмот кој е исклучива идеологија“, го објаснува Стојановиќ својот копнеж за лик како Заев да ја „оправи“ и Србија, откако ја „среди“ Македонија.