Премиерот Димитар Ковачевски не ги коментираше изјавите на Драги Ѓоргиев за тоа дека Бугарите не биле фашисти, туку посочи дека е отворен преговарачки процес на дијалог со бугарската страна за што се формирани работни групи кои работат во повеќе области…
„Историчарите работат според својата методологија, таму претседаваат двајца претседатели. Исто така политичките прашања се предмет на разговор меѓу министерствата за надворешни работи, тие денеска имаат состанок во Бугарија.
Кога комисиите ќе имаат што да изјават, тогаш тоа останува за нив заеднички да го направат.
Во однос на историската комисија сепак треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките прашања“, порача Ковачевски.






