Историчар Албанец од Скопје „славен“ во Бугарија: Словените во Македонија пред АСНОМ беа Бугари

Бугарската агенција БГНЕС му посветува посебно внимание на настапот на историчарот Керим Љита од Скопје на zoom.mk, во кое тој ги потврдува бугарските тези дека Словените во Македонија до 1944 година се изјаснувале како Бугари, а по АСНОМ како Македонци.



„Сите документи зборуваат дека на овие простори словенското население се чувствувало како Бугари. Самиот Крсте Петков Мисирков во неговиот дневник објавен во 1916 година самиот се изјаснува како македонски Бугарин во оваа форма. Но, по 1944 година, посебно по Првото заседание на АСНОМ, овие граѓани се изјаснија како Македонци, но имаше еден голем број кој не ја прифатија комунистичката идеологија и беа силни активисти на организацијата на ВМРО“, вели Љита.

Според него, југословенската власт ги прогонувала вмровците како пробугарски елементи, но и Албанците, па од ноември 1944 до август 1945 година во Македонија, Косово и Црна Гора бес суд и пресуда биле убиени 50.000, тврди тој, наведувајќи наводни масакри во селата Руница, Глажње, Блаце, Сопот и Зајас, како и во градовитеТетово и Гостивар!

Zoom.mk е медиум од Македонија чиј главен и одговорен уредник е поранешниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани.