За дваесетина дена во Македонија и Србија се случија два настани кои можат да се внесат во графата ,,Исто е ама не е исто””.
Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отиде во Србија со подароци за македонските деца, српските деца од Македонија отпатуваа на прием кај Вучиќ во Белград.
Мицкоски во текот на Декември најде време за посета на Македонците во Србија каде на децата со македонската етничка припадност им подели подароци но таа вест во македонските медиуми не одекна толку силно како што е објавувана веста за посетата на српските дечиња на Белград и средбата со Вучиќ.
,,Денес во посета на македонската заедница и дечињата со македонско потекло кои живеат во Лесковац, соседна Србија. Врската со Македонија и грижата за овие луѓе не треба да прекине. Овие луѓе се лојални и чесни граѓани во земјата каде живеат и работат, и го поддржуваат напредокот и развојот. Истовремено конекциите со Македонија треба да се оддржуваат и да се развиваат”, објави Мицкоски по посетата на Лесковац каде заедно со пратеничките Дафина Стојановска и Ели Панова се сретнаа со Македонците и им подарија пакетчиња на македончињата во овој регион на Србија.
За разлика од Мицкоски кој отиде во Србија Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера на Божиќ, децата од српска националност од Македонија ги прими во неговиот кабинет.
Овие деца се во посета на Белград по повод Божиќните празници, пренесе Танјуг.
Вучиќ прими 32 деца од Скопје, Битола, Куманово и Тетово во Претседателството Тој им порача да ги зачуваат нашите обичаи и култура.
„Чувајте ги нашите обичаи, култура и чесното име на великосрпската нација на која припаѓате. Сакам да ви се заблагодарам што сте тука, верувам дека ќе видите многу во Белград, дека ќе ја сакате Србија, како што го сакате местото од кое доаѓате, како што ја сакате Северна Македонија“, рече Вучиќ во Претседателството. каде со децата подели новогодишни пакетчиња.





