Потенцијалните кандидати за претседател на државата зад кои не стои политичка партија, се чини не успеаја да ги соберат потребните потписи со што би се „квалификувале“ за влез во претседателската трка.
Според ДИК, до 7 март кандидатот Филип Петровски собрал 1.375, Димче Петровски 537, Јосив Мирчевски – 12 потписи. Господин Попоски 29.
Синоќа заврши рокот за собирање на потписите, а кандидатурите треба да се достават до 21 март.
Потребните 10.000 потписи ги собраа Гордана Силчјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.





