Групата убијци што и го одзеле животот на малата Вања Ѓорчевска е осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче чие тело било пронајдено од полицијата во близина на Велес.
Велешкиот фризер, Панче Жежовски беше пријавен за исчезнат од 24 ноември а во скопско Бразда во средата беше пронајден опожарен автомобилот од марката „цитроен“ за кој беше утврдено дека му припаѓа на 74-годишниот велешанец.
Осомничени за двата случаи на убиство се пет лица, од кои за три се бара притвор, едно е избегано вон државата, а петтото е во полициска станица.
По спроведените истражни дејствија утврдено е мотивот за двете убиства бил користољубие, објави вечерва Обвинителството.






