Дивите платформи на Матка, според законот, не може да се легализираат. Во поднесените барања за легализација недостигале низа согласности од надлежни органи, оцени Антикорупциска комисија која побара да ѝ бидат одземени градежните овластувања на Општина Сарај и на градоначалникот Блерим Река кој за нив тврдеше дека се од времен карактер.
Поради ова, Антикорупциската комисија бара од обвинителството да отвори истрага против градоначалникот на Сарај, ексминистерот за правда Блерим Беџети, зашто не постапил по барањата за легализација на дивите платформи на Матка, дознава порталот СакамДаКажам.
Тој воопшто не решавал за нив, дивоградбите се таму и на нив дивите сопственици тераат угостителски бизнис.





