Во напад во мафијашки стил во раните утрински часови во неделата, 44-годишен маж, кој бил истакната личност во сцената на ноќниот живот, стана жртва на заседа пред неговата бензинска пумпа во Атина.
Засега непознатите напаѓачи испукале повеќе од 80 куршуми од автоматско оружје во 44-годишниот сопствениок на пумпата, објавуваат грчки медиуми.
Претходно обвинет за водење на група за изнуда, 44-годишниот Вангелис З., преживеал обид за убиство во 2018 година, пишува Катимерини.
Напаѓачите, возејќи се во џип, му пришле на раскрсницата на улиците Франци и Илиас Илиу во Неос Космос во неделата, испукајќи многубројни истрели кон неговиот автомобил, што резултирало со фатално пукање.
Возилото на напаѓачите подоцна беше пронајдено целосно изгорено на Атинската авенија во Чајдари, западна Атина.






