Испратила ли воопшто Катица оставка од Шутка?

Во Советот на јавни обвинители не е пристигнат ниту имаат сигнали дека ќе пристигне допис за активирање на условната оставка од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што, наводно вчера го доставила од затворот Скопје, каде е во притвор за предметот „Рекет“.



„Се уште не е пристигнат допис. Доколку пристигне јавноста ќе биде известена“, информира за МИА Ацо Колевски претседател на Советот на јавни обвинители.

Јанева дописот го испратиле вчера попладне од Шутка каде се наоѓа во притвор.