Испратил ли Османи во Вашингтон безбедносно ризичен дипломат е прашањето кое го поставува Викторија Трајков, дипломатка во Министерството за надворешни работи која пред два дена го обвини министерот дека врши политички реваншизам кон неа.
Трајков денеска коментирајќи ги информациите дека двајца дипломати во МНР не добиле безбедносен сертификат прашува дали Османи едниот од нив го испратил на дипломатска мисија во САД.
Една од честите причини за недобивање на безбедносен сертификат е соработка со ривалски безбедносни служби што теоретски значи дека Османи во Вашингтон можеби испратил руски или кинески шпион.
,,Да ве прашам: Дали е вистина
дека еден од дипломатите на кој што НЕ МУ е одобрен безбедносен сертификат, за кој зборувате во соопштението, вие го испративте на служба во МАКЕДОНСКАТА амбасадата во Вашингтон и истиот е СЕУШТЕ таму?
Ако е ова точно, вие со ваквото ваше однесување директно ги загрозувате билатералните односи со нашиот најзначаен стратешки партнер, САД”, пишува Трајков откако МНР во соопштение за јавност тврди дека само на двајца дипломати не им се продолжени дипломатските сертификати од страна на ДБКИ а кога тоа ќе се случи МНР мора да реагира.
,,Министре Бујар Османи со ова докажавте само дека се работи само за ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ. Процедурата за обнова на мојот БЕЗБЕДНОСЕН сертификат ја започнав во МНР во јули 2020г., додека негативниот одговор е добиен во 2023 г. Законот не вели така”, пишува Трајков која претходно објави повеќе скандали во МНР кое е под контрола на Османи.
Министре @Bujar_O, со ова докажавте само дека се работи само за ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ. Процедурата за обнова на мојот БЕЗБЕДНОСЕН сертификат ја започнав во МНР во јули 2020г., додека негативниот одговор е добиен во 2023 г. Законот не вели така! Да ве прашам: Дали е вистина…1/3👇 pic.twitter.com/xv6ymddfht
— Viktorija Trajkov (@trajkovv85) December 22, 2023





