Османи: Од странската експертиза зависи оставката на Филипче

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е исправна одлуката на премиерот Зоран Заев за оставките на министерот за здравство Венко Филипче и на неговиот заменик, Илир Хасани, да одлучува откако ќе заврши истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, а во која се вклучени и германски експерти.



„Одлуката како ќе се реши за оставките е прво да заврши експертизата која ја спроведуваат странските експерти. Поцелисходно ќе биде одлуката за оставките ако се заснова на објективни факти отколку само на политикантство и на повици на опозицијата.

И да се реализира една оставка која е само поради политички притисок и повик на опозицијата, не ја постигнува целта.

Треба да се почека и на експертизата, во спротивно таа ќе биде донесена под политички притисок и нема да ја постигне целта. Мислам дека е исправна одлуката на премиерот кога вели сакам во комплетирањето на ова прашање да имам и објективна експертиза од странски експерти“, вели Османи.