„Огромното мнозинство од луѓето кои не успеале во своите професии завршиле во политиката.’ – оцени штотуку дипломираниот новинар Абедин Исмаили во своето гостување вечерва во емисијата ‘Патот кон’ на ТВ Алсат. Според него, такво нешто се случува затоа што луѓето ја гледаат политиката како штит и спас од неуспеси.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Оние што не успеваат во нивните професии, завршуваат во политиката“.
На својот интернет – портал оваа телевизија ги пренесува зборовите на овој млад новинар: „Ова прашање е за расправа, поради тоа што сме сведоци дека во политиката се вклучени и оние, кои потфрлиле во своите професии. Не сакам да создавам таква перцепција за политиката, но реалноста е дека на политиката во повеќето случаи се гледа како на штит: да почнеш од својата професија, но ако не успееш, тогаш влегуваш во политиката и таму можеш да жнееш повеќе успех.’ – вели Исмаили.





