Исмаил Јахоски не е независен, туку пратеник на ДУИ, вели Меџити

Техничка грешка е што на веб-страницата на Собранието Исмаил Јахоски е ставен како независен пратеник и тоа ќе биде исправено, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити.



На веб – страницата на Собранието и денеска стои истата информација, според која Јахоски го нема меѓу пратениците од пратеничката група на ДУИ, туку во независни пратеници, каде уште се и Игор Дурловски, кој беше носител на листа на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Панчо Минов од владејачката коалиција.