Ремито без голови меѓу Романија и Исланд во Букурешт ги направи реални шансите на Македонија првпат да игра бараж за Светско првенство во фудбал, за што сега решава самата, а за тоа ѝ треба каква било победа над Исланѓаните в недела од 18 часот во Скопје!
Пред последното коло од квалификациската група Ј „црвено-жолтите“, кои денеска ја декласираа Ерменија со 5:0 во Ереван, се втори на табелата со 15 бода, еден повеќе од Романија, која по три дена му гостува на аутсајдерот Лихтенштајн.
Германија, која уште пред ова коло обезбеди учество на СП, го торпедира Лихтенштајн со 9:0 и се зацврсти на првата позиција со 24 поени.





