Терористичката група Исламска држава можеби располага со капитал од околу 3 милијарди евра. Дел од овие пари се вложени во легален бизнис, соопшти француската радиостаница „Јуроп 1“.



Парите биле собрани во текот на изминатите три години од наметнати „даноци“ во териториите кои беа под контрола на оваа терористичка организација и од нелегалната трговија со нафта во северен Ирак и Сирија, покажуваат податоците на службите за безбедност.

Терористите контрорирале области каде се произведувале до 40 отсто од производството на жито во Ирак и околу 80 отсто од памукот во Сирија.

Терористите исто така го заплениле имотот на илјадници христијани, шиити и езиди.

Весникот „Монд“ пишува дека за овие три години дел од средствата преку трети лица се инвестирани во апсолутно легален бизнис, и создадоа мрежа на дознаки преку посредници во Турција и другите земји од Блискиот Исток.