Ислам Абази молчи за Рамиз Мерко

Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вели дека „нема надлежност да ја коментира одлуката на Американскиот стејт департмент“ во врска со Извештајот на американскиот Стејт департмент и ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на американската „црна листа“ поради, како што се тврди, „вмешаност во голема корупција и мешање во работата на судските институции.



На прашањето за тоа „дали против Мерко имало некаков судски предмет, Абази нè упати да се обратиме кај лицето овластено за односи со јавноста“, објави Алсат М..

Во меѓувреме, од Судскиот совет информираа дека формирале комисија која ќе спроведе контрола во Основниот суд Струга врз основа на наодите од Стејт департментот.

Премиерот Ковачевски е зачуден како САД, кои се оддалечени илјадници километри, успеале да најдат законски прекршоци, а нашите институции седеле со скрстени раце, пишува Алсат.