Ислам Абази денеска и официјално ќе стане шеф на ОЈО ГОКК

Советот на јавни обвинители денеска на денешната седница се очекува да донесе одлука за именување на Ислам Абази за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.



Ислам Абази доби најмноигу – 66 – гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК на 7 ноември , втор од четворицата пријавени кандидати по број на добиени гласови беше Ермон Незири со 64 гласови, а досегашната шефица на Обвинителството Вилма Русковска само 14.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители со мандат од 4 години, по спроведено гласање од страна на сите 160 јавни обвинители во земјава.

Абази, на прес конференција за медиумите еден ден по изборите,рече дека како негов прв приоритет,ќе биде пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар и да се воведе дигитализација во јавното обвинителство.