Во текот на ноќта или во раните утрински часови во Скопје е искршено приватното возило на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Засега непознати лица ја искршиле ,,шофершајбната” на нејзиното возило Поло старо десетина години.
,,Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.
Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.
Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има”, објави Митева денеска.
Материјалната штета на возилото не е огромна но пораката со кршење на возило на гласноговорник на опозицијата укажува на сериозни пропусти во системот ,,Безбеден град” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.






