Исени откри зошто Ковачевски не смее да го критикува Џафери за скандалот

Според политикологот и уредник во „Коха“ Џенур Исени примитивното однесување на собранискиот спикер Телат Џафери се должи на неговата неспособност проблемите да ги решава на соодветен начин.



Тој дава објаснување и за изјавите на премиерот Ковачевски кој се обиде да го одбрани Џафери со тоа што кажа дека на снимката не се знаело кој со кого зборува.

Причината за молкот според Исени дефинитивно стравот дека социјалдемократите би можеле да го изгубат коалициониот партнер ДУИ, што би довело до предвремени парламентарни избори.

,,Причината зошто Владата молчи е дека ако крене глас против Џафери може да се налути коалицискиот партнер ДУИ и да предизвика парл избори кои очигледно СДСМ не ги сака. Очекувано е однесувањето на Ковачевски. Повеќе од очигледно е дека се слуша Талат. Тој уште нема изградено профил на политичар бидејќи е под сенката на Заев и сака да се покаже како премиер и не сака да оди на избори”, изјави за Алфа политикологот и уредник во „Коха“, Џенур Исени.

Целата информација на овој линк