Исени: „Не случајно Путин бара балтичките земји и Западниот Балкан да го напуштат НАТО – постои опасност и за Македонија“

„Советската комунистичка доктрина, но и доктрината на денешна Русија, според универзитетскиот професор Фати Исени, е да се обезбедат сопствените граници и да не и се дозволи на ниедна светска суперсила да им се приближи на тие граници. Според него, не е случајно барањето на Путин балтичките земји да го напуштат од НАТО. Ова барање ги опфаќа и земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија, па затоа тој смета дека не треба да се исклучи опасноста за балканските земји.“ – објави ТВ Алсат.

Инаку, Фати Исени е професор во Факултетот за социјални науки на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и тој се занимава со политички науки, европски студии и геополитика.

На својот интернет-портал ТВ Алсат ги пренесе ставовите на професорот Исени, кои тој ги изнесе во дебатната емисија на „Патот кон“ на оваа телевизија, во која се дебатираше за настанувањето на судирот меѓу Русија и Украина: „Советската комунистичка доктрина и доктрината на Русија на Путин е да се обезбедат сопствените граници и да не и се дозволи на ниедна друга светска сила да и се доближи, во конкретниот случај денес, на границата на Русија, почнувајќи од Балтикот се до Егејското Море. Најголемата закана за Русија дојде со влегувањето на НАТО во Балтикот, во балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија, и продолжувајќи потоа во Полска.“



„Не е случаен повикот на Путин: тој упати јавно две барања, едното беше предлог за договор со НАТО, а второто беше предлог за договор со САД. Во точките 4, 5 и 6 на двата договора, што ги предложи Путин, постои барање група од 10 држави целосно да се повлечат од НАТО. Меѓу тие 10 држави е и Македонија. Затоа, не треба да се исклучи опасноста за Балканот, оти овде се наоѓа и Македонија.’ – нагласи Фати Исени во емисијата ‘Патот кон’ на ТВ Алсат.“