Македонските граѓани кои се надвор од државава, по 12 февруари ќе можат да влезат со таканаречен патен лист ако немаат пасош со новото уставно име, ама нема да можат да излезат ни под разно.
Патен лист може да извадат во најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Македонија и тоа 20 дена пред да патуваат кон Македонија.
Македонските надлежни институции споделија каква е процедурата за сите државјани кои живеат и работат во странствоа, а на кои по 12 февруари пасошот ќе престане да им важи.
– Доколку државјани на Македонија кои престојуваат во странска држава (по кој било основ) и кои до 12 февруари 2024 година немаат извадено нови патни исправи (пасоши), истите можат да се вратат во Република Северна Македонија со Патен лист, издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Северна Македонија – велат за Плусинфо од Министерството за надворешни работи (МНР).
Министерството ги потсетува нашите државјани дека имаат право да се сликаат во најблиското дипломатско-конзуларно претставништво во странство во кое има воспоставено базна или мобилна станица, преку телефонско закажување или по е-пошта.





