Апел за пронаоѓање на Самоил Костадиновски, внук на политичарот Љубе Бошкоски, беше вчера споделен на социјалните мрежи.
На 26-годишниот Самоил, според сведочењата пред три дена му се губи трага кај Амбасадата на Чешка во Скопје.
Сопругата на Бошкоски, Виолета за ММС ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од брат.
„Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, каде што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имало тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката Амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, изјави Бошкоска за ММС.







