,,Исчезнаа” судија, командир и тројца луѓе на Спасовски кои го гонат адвокатот Менкиноски за ,,Сонцето од Кутлеш” (ФОТО+ВИДЕО)

,,Исчезнаа” судија и тројца полицајци кои го гонат адвокатот Менкиноски за ,,Сонцето од Кутлеш”. Денеска во судот во Охрид не се појавија ниту судечкиот судија ниту пријавителите од МВР кои го гонат адвокатот Тони Менкиноски за јавно користење на знамето со сонцето од Кутлеш.



Според судот, судијата кој го суди Менкиноски не се појавил на судењето затоа што бил болен.

Командирот и тројцата полицајци кои формално го пријавиле Менкиноски пред судот иако имаат законска обврска да се појават и да ја бранат пријавата, веќе трет пат од непознати причини не доаѓаат на судење за да посведочат за наводниот криминал на Менкиноски.

Според судската пракса по исчезнување на пријавителите досега судот требаше да го запре процесот кој почна по налог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Менкиноски на ова судење се гони за истакнување на големо знаме со сонцето од Кутлеш за време на Долна Порта во Охрид на 19 јануари на празникот Водици.

И денеска Менкиноски доби голема поддршка од граѓани пред судот во Охрид.

Подоцна Менкиноски ја презеде одговорноста и за истакнување на македонското етничко знаме и на 27 април кога организираше поддршка за осудените за 27 април.

За тој настан по налог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски припадници на МВР посетија десетина домови во Охрид за да ги најдат учесниците во истакнувањето на знамето со сонцето од Кутлеш по што Менкиноски ја презеде лично одговорноста и ги спаси од прогон десетината луѓе кои му помогнале да го истакне знамето.

Образложението на МВР за прогон на Менкиноски е дека тој го нарушил јавниот ред и мир со истакнување на знаме кое е спротивно на законот за знамиња но досега Спасовски не кажал во кој дел е прекршен законот а тоа засега не може да го каже ниту судот.

Двојните аршини на Спасовски се гледаат во фактот што тој никогаш не покренал обвинение против други знамиња кои се различни од државното знаме како на пример огромните знамиња на Република Албанија или големото знаме на ЛГБТ заедницата кое беше истакнато во центарот на Скопје.

За овие случаи Спасовски не покренал обвиненија.

Кои се луѓето што го гонат Менкиноски по налог на Оливер Спасовски

Кои четворица полицајци по налог на Спасовски го гонат Менкиноски за ,,Сонцето од Кутлеш” (ДОКУМЕНТ)

Поврзани вести

Менкиноски бара МВР да дојде на суд: Не ми се суди мене туку на сите Македонци што ја почитуваат нацијата

Менкиноски бара МВР да не го крши законот и да се појави на суд (ВИДЕО)