Се поизвесната најава за ново грчко вето и обидот да се спречи разочарување на граѓаните без соодветна подготовка е најверојатната причина за повлекување на вест во која министерката за обрана Шеќеринска зборува за влезот во НАТО.
Според насловот на веста објавена и веднаш потоа повлечена од дел од медиумите Македонија не треба да има голема надеж дека наскоро ќе влезе во НАТО.
Насловот на повлечената вест е Шеќеринска: Постојат поголеми шанси Грција да не блокира за НАТО.
Предходно и грчкиот шеф на дипломатијата Коѕиас најави дека Македонија нема да стигне летово да влезе во НАТО.
Еден час по објавувањето веста не беше достапна за читање.





