Од веб страната на Стејт Департментот на САД исчезна извештај за климата околу инвестициите во Македонија.
Во извештајот се зборува за корупција како сериозен проблем за инвестиции во земјава.
Веста повикувајќи се на Стејт Департментот вчера ја објави емисијата 360 на Алсат М но линкот за извештајот сега не е достапен.
“Владата не бара приватните компании да воспостават внатрешни кодекси на однесување со кои се забранува поткуп на јавни службеници, се наведува, меѓу другото, во извештајот за климата за инвестиции во нашата земја за 2021 година.
Пандемијата на ковид-19 има длабоко влијание врз економијата на Северна Македонија и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Иако напорите на Владата да го насочи производството кон потребите и да ги контролира цените на почетокот на пандемијата во голема мера се завршени, ограничувањата за движење на луѓето и значителното зголемување на невработеноста ја ограничија потрошувачката и ги забавија услугите потребни за отворање бизнис, се наведува во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во С Македонија државата за 2021 година.
„Пандемијата нагло ја смени ситуацијата со БДП на земјата, преминувајќи од пораст од 3,2 проценти во 2019 година на пад од 4,5 проценти во 2020 година, иако во март Владата предвидуваше дека економијата ќе порасне за 4,1 процент во 2021 година. И додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија и правната рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем“, е нагласено во извештајот.
Службеници остануваат ангажирани во коруптивни активности
Како што се наведува, целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено и честите регулаторни и законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување, погодно за корупција. Владата генерално спроведува закони, но има бројни извештаи дека некои службеници остануваат ангажирани во коруптивни активности”, објави 360 во својот извештај.
Линк до 360 степени






