Исчезна фирмата за софтверот на Рашковски: Закани со полиција на новинари (ВИДЕО)

Од зградата каде е регистрирана фирмата преку која најблискиот соработник на Заев Драги Рашковски набавуваше софтвер за МВР со вербална закана за новинарите кои истражуваат што се случило со тендерот.



“Бегајте ќе ви викнеме полиција!”, е пораката што ја добиле новинари на 360 степени во обид да разговараат со луѓе на адресата на регистрација на Инвока Груп.

Во отсуство на детални одговори за софтверот вреден 81 000 евра кој го набавил Драги Рашковски, од редакцијата на „360 степени“ се упатиле во потрага на фирмата на местото на кое што е заведена во Централниот регистар.

По десет дена од објавата на „360 степени“ за спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци кој лани го купил Генералниот секретаријат на Владата за потребите на МВР, но до ден денес никој не го користи, гласот допре и до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Поранешниот генерален секретар, оваа скандалозна вест ја дочека на топлите плажи во Мексико каде се одмораше со своето семејство.

Во меѓувреме, во негова одбрана стојат и премиерот и од Владата, иако се уште нема задоволително објаснување – зошто Рашковски купил софтвер кој полицијата не планира да го користи и дали нарачката била по мерка на неговиот претходно патентиран изум.

Од тимот на „360 степени“ се обидоа да дојдат до локацијата на која се наоѓа фирмата, но граѓани со вознемирувачка порака им велат веќе никогаш да не ѕвонат на било кој од становите во зградата, затоа што во спротивно ќе им биде повикана полиција.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.