Полицијата го бара Агим Исмаиловиќ, обвинет во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро, откако денеска за него обвинителството побара притвор бидејќи постоело сомневање дека ќе избега.
Обвинителката Фатиме Фетаи претпладнево на рочиштето во судница посочи дека има ризик, тој да избега на Косово зашто имал двојно – македонско и косовско – државјансѕво.
ТВ21 објави дека го најде Агим Исмаиловиќ, обвинетиот по кој МВР трага, откако наводно избегал.
ТВ21 разговараше со Исмаиловиќ, и најави дека во текот на денот ќе го објави разговорот.





