Исчезна авион „цесна“ над Солунска Глава

Авион од типот „цесна“ со бугарски државјани исчезнал попладнево некаде во пределот над Солунска Глава.



Медиуми јавуваат дека контакт со авионот бил изгубен по 16 часот.

По исчезнувањето на авионот информирана е Контролата за летање, Цетар за управување со кризи и Министерството за внатрешни работи кои работат на лоцирање на авионот.