Иранските сајбер напади врз албански институции предизвикаа сериозни проблеми со системот за гранично управување на Република Албанија поради кои криминалците можат да шетаат послободно.
Во новиот напад погодени се полициски и царински испостави на албанско – македонската граница поради што на граничните премини Горица-Стење, кај Ресен и Ќафасан кај Струга, од албанска страна се работи со тефтери наместо со дигитален систем за гранично управување.
Според албанските медиуми на Ќафасан, кој е најфреквентен на границата со Македонија, поради проблемите вработените се принудени да работат со рачни регистри, додека од вчера наутро така се работи и на преминот Горица.
Албанските медиуми јавуваат дека во различни периоди од денот овој систем целосно е блокиран и на други гранични премини каде при блокадата граничната полиција рачно ги евидентираат патниците на влез и излез.
Надвор од функција се двата внатрешни полициски системи, каде Албанија ги чува податоците за криминалците а кои беа блокирани на 9 септември откако хакери финансирани од Иран извршија втор сајбер напад врз Албанија.
По првиот напад на 15 јули низа владините системи во Албанија останаа вон функција 20 дена а Тирана го прекина дипломатските односи со Техеран и ги протера сите дипломати.
Дел од нив дојдоа во Скопје.






