Ирански дипломати палеле документи пред да заминат од Тирана

Ирански дипломати во Албанија запалија документи рано утринава, неколку часа пред да ја напуштат земјата, откако Тирана ги прекина дипломатските односи со Техеран, обвинувајќи ја Исламската Република за сајбер напад во јули, објави Ројтерс.



Во видео обраќање вчера, албанскиот премиер Еди Рама објави дека им наредил на иранските дипломати и официјални лица да ја затворат амбасадата и да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Во Албанија има 6.000 муџахедини

Тој посочи дека сајбер нападот „се заканува да ги парализира јавните услуги, да ги избрише дигиталните системи и да ги блокира владините архиви, да ја украде електронската комуникација на владиниот интранет и да предизвика хаос и несигурност во земјата“.

Вашингтон, најблискиот сојузник на Албанија, исто така го обвини Иран за нападот и вети дека „ќе преземе дополнителни активности за да го повика Иран одговорен за дејствијата што ја загрозуваат безбедноста на американскиот сојузник“.

Од своја страна, Техеран остро ја осуди одлуката на Тирана да ги прекине дипломатските односи, нарекувајќи ги мотивите на Албанија за преземање на овој потег „неосновани тврдења“.

Албанија и Иран имаат затегнати односи од 2014 година, кога Албанија прими околу 3.000 членови на прогонетата опозициска група Народна муџахединска организација на Иран, кои беа сместени во камп во близина на Драч.