Германската полиција уапси Иранец осомничен дека планирал терористички напад.
Во текот на ноќта бил претресен станот на 32-годишниот во градот Кастроп-Рауксел, осомничениот е приведен, како и уште едно лице, соопштија државниот правобранител и полицијата, пренесува Дојче веле.
Засега не е соопштено во која фаза биле плановите за нападот и дали веќе била избрана цел. Како мотив се наведува исламизмот.
Германските медиуми јавуваат дека второто приведено лице е неговиот брат.
Според весникот „Билд“, во полициската акција како експерти во борбата против биолошките и хемиските закани учествувале вработени во Институтот Роберт Кох (RKI)
Според RKI, високотоксичниот рицин е наведен како биолошко оружје на списокот на воено оружје. Цијанидот е исто така многу токсичен, дури и најмалите количини се фатални за луѓето.







