Иран се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку САД држави се одмаздат за иранскиот ракетен напад врз две бази со американски трупи во Ирак.
„Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои ѝ дадоа бази на терористичката армија дека секоја територија што служи како почетна точка за агресивни дејствија против Иран ќе биде гаѓана“, соопшти Иранската национална гарда.
Иранската гарда исто така се закани дека ќе ја бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи во Емиратите, објави „Дејли меjл“.





