Иран осуди на смрт британски државјанин

Иран осуди на смрт поранешен заменик министер за одбрана, кој има двојно иранско и британско државјанство, под обвинение дека шпионирал за Велика Британија, објавија иранските државни медиуми, пренесува Би-би-си.



Велика Британија ја опиша смртната казна на Алиреза Акбари како политички мотивирана и повика на негово итно ослободување.

Акбари беше близок сојузник на Али Шамхани, кој моментално е секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран и поранешен министер за одбрана од 1997 до 2005 година, кога Акбари беше негов заменик.

„Тој беше еден од најважните британски разузнавачи во Иран кој имаше пристап до некои многу чувствителни центри во земјата“, соопшти иранското Министерство за разузнавање. „Акбари сосема свесно и давал информации на шпионската служба на непријателот.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли повика на ослободување на Акбари.

„Иран мора да го запре погубувањето на британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари и веднаш да го ослободи“, напиша Клеверли на Твитер.

„Ова е политички мотивиран чин на варварски режим со целосно непочитување на човечкиот живот.

Акбари беше уапсен во 2019 година.