Кризата во Ирак, создавањето на терористичката организација „Исламска држава“, како и конфликтот во Украина се резултат на американската политика, изјави секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шамхани, пртенесува Њуз.бг
„Каде и да се присутни Западот и Соединетите Држави, има нестабилност и пламенот на војната гори, додека каде што има соработка меѓу регионалните земји, таму ќе има мир, спокојство и безбедност“, посочи тој.
Наспроти едностраните американски санкции, Иран, според Шамхани, испраќа помош до авганистанскиот народ и населува голем број Авганистанци на своја територија. Тој изјави дека со заеднички напори е можно да се помогне во воспоставувањето мир и стабилност во Авганистан.
Иран и САД „негуваат“ непријателство од време на „заложничката криза“ во 1979 година, откако беше протеран шахот Реза Пахлави и во земјата беше воспоставена исламска држава на чело со ајатолахот Хомеини.







