Иранските власти објавија дека откриле шпионска мрежа со која раководела ЦИА и деканеколку лица се уапсени, пренесува Ројтерс.
17 шпиони на ЦИА биле идентификувани, а неколку од нив биле осудени на смрт.
Спутник објави дека во јуни еден од уапсените “шпиони” веќе бил егзекутиран.
Тоа е Џалал Хадз Звар, кој, наводно, соработувал со ЦИА и работел во иранското Министерство за одбрана.
Разузнавачките агенти на Техеран и од други земји биле вклучени во откривањето на тајните агенти на ЦИА.
Се очекува реакција од САД во услови кога односите меќу Вашингтон и Тхеран се вжештени поради иранскиот нуклеарен договор, и инцидентите со соборнеи дронови и запленети танкери во Персискиот Залив.




