Иранскиот парламент денеска донесе одлука да ја стави Централната команда на американската армија (CENTCOM) на списокот на терористичките организации.
Ова е одговор на иранските власти на неодамнешниот потег на САД да ја постават Иранската револуционерна гарда на листата терористички организации , објави Анадолија.
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека иранскиот парламент ја донесе денешната одлука за да се спротивстави на обидите на САД да го дестабилизираат регионот.
Во согласност со одлуката на парламентот во Техеран, владата и вооружените сили на Иран ќе ги преземат неопходните чекори за да ги спречат американските сили да се вклучат во непријателски активности.
Со одлука на парламентот, Иран, исто така, за тероризам ќе ја третира секоја соработка со американската армија, пишува Ал Џезира.





