Иран и Венецуела во саботата потпишаа 20-годишен план за соработка, објави Ројтерс.
Договорот вклучува соработка во областа на производство и трговија со нафта, петрохемијата, туризмот и културата.
Церемонијата на потпишување се одржа во палатата Саадабад во северен Техеран во присуство на венецуелскиот претседател Николас Мадуро кој беше во посета на Иран и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси.
Инаку, двете земји се под амеркански санкции за извоз на нафта.







