Иран го прогласи Пентагон за терористичка организација!?

Отвореното непријателство меѓу Иран и САД се продлабочува.



Иранскиот парламент денес донесе закон според кој сите вооружени сили на САД ги прогласи за „терористички“.
Законот беше донесен по итна постапка како одговор на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак минатата недела.
Парламентот неодамна донесе закон што ги означува „американските терористи“ во делови на Африка, Централна Азија и Блискиот исток како „терористички“.

Со новиот закон за терористика организација се прогласува и Пентагон, односно сите американски сили и сите лица вклучени во атентатот во Сулејмани.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, нема да присуствува на седница на Советот за безбедност на ОН во четврток откако САД одбија да му дадат виза.

Според договорот за седиштето на ОН во Њујорк од 1947 година, од САД се бара да им дозволат на странските дипломати пристап до Обединетите нации, но Вашингтон тврди дека може да одбие влез во земјата поради „безбедност, тероризам и надворешна политика“.

Американскиот Стејт департмент одби да ги коментира таквите информации, пренесува Ројтерс.