Иран ќе одговори одлучно на секој напад на негова територија, интереси или ирански граѓани надвор од границите на земјата, предупреди иранскиот претставник во ОН, Амир Саид Иравани, цитиран од „Ројтерс“.
„Слушаме закани кои доаѓаат од американски официјални лица, им кажуваме дека веќе не’ тестирале и сега се познаваме, ниту една закана нема да остане без одговор“, рече Салами, според полуофицијалната новинска агенција Тасним.
Изјава дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека одлучил како да одговори на нападот со беспилотно летало на ирачките групи поврзани со Иран, во кој загинаа американски војници во Јордан.
Бајден ги обвини групите поддржани од Иран за нападот.
„Додека сè уште ги собираме фактите за нападот, знаеме дека е извршен од радикални групи поддржани од Иран и кои дејствуваат во Сирија и Ирак“, рече Бајден во изјавата.






