Хуманитарецот Оливие Вандекастиле, белгиски државјанин е осуден во Иран на 40 години затвор и 74 удари со камшик по 4 точки од обвинение кое вклучува и шпионажа против Иран, соработка со САД, перење пари, јави „Политико“.



Вандекастиле бил уапсен за време на посетата на Иран на 24 февруари 2022 година.

Тој ги негира сите обвиненија и има право на жалба на пресудата.

Белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лахбиб на Твитер го осуди неговото „произволно апсење“ и најави дека иранскиот амбасадор во Брисел ќе биде повикан на разговор во знак на протест против пресудата.

Во декември, белгискиот министер за правда рече дека Вандекастиле е во затвор „за измислена серија злосторства“ и тврдеше дека е осуден како одмазда за 20-годишната затворска казна изречена на ирански дипломат од белгиските судови во 2021 година.